Вињета Романија

Во Романија патарината се наплаќа со дигитална вињета. Во 2007 год. Романија ја укина вообичената вињета налепница. Вињетата за автопатишта е поврзана со регистарска табличка и може да се набави онлајн на roviniete.ro . Електронската вињета можете да ја платите брзо и едноставно со онлајн банкарство или со кредитна картичка. Ќе добиете потврда на адресата за електронската пошта. По потреба можете да добиете дополнително СМС-порака, што можете да ја покажете при контрола.

Тука можете да ги регистрирате дигиталните вињети https://www.roviniete.ro

Улици со патарина

Во Романија потребна е вињета за сите моторни возила, освен за мотоцикли. Ова важи за сите делови од патиштата во Романија. Приклучоци, како приколки на пр., не подлежат на посебна патарина во Романија. Додека транспортните возила пак се подредени на друга класа возила. Дополнително постојат и одредби за посебни патарини на кои треба да се внимава во Романија.

Посебна патарина

Посебна патарина се наплаќа на следните делови:

  • Дунавскиот мост: Русе (Бугарија) - Џурџу (Романија)
  • Дунавскиот мост 2: Видин (Бугарија) - Калафат (Романија)
  • Мост: Чернавода (Романија) - Фетешти (Романија)
  • Мост: Џурџени (Романија) - Ваду Ои (Романија)
  • Траект: Турну Магуреле (Романија) - Никополе (Бугарија)
  • Траект: Зимнича (Романија) - Свиштов (Бугарија)
  • Траект: Бекет (Романија) - Ореахово (Бугарија)

Карта

Тука ќе најдете преглед на сите улици во Романија со задолжителни такси: Кликнете тука

Одредби за ПМВ и транспортни возила

Возилата во Романија се поделени во осум различни категории. Се прави разлика меѓу ПМВ и транспортно возило, вкупна тежина, број на оски и седишта. Така се добива оваа табела:

Категории за транспортни возила

Категорија Б Транспортни возила до 3,5t дозволена вкупна тежина
Категорија В Транспортни возила над 3,5t до 7,5t двт
Категорија Г Транспортни возила (2 оски) над 7,5t до 12t двт
Категорија Д Транспортни возила (2-3 оски) над 12t двт
Категорија Ѓ Транспортни возила (4 оски и повеќе) над 12t двт

Категории за ПМВ

Категорија А ПМВ, и со приколка
Категорија Е ПМВ со 9 до 23 седишта (вклучувајќи го и возачот)
Категорија Ж ПМВ со повеќе од 23 седишта

Преглед на сите категории

Категорија А ПМВ, и со приколка
Категорија Е ПМВ со 9 до 23 седишта (вклучувајќи го и возачот)
Категорија Ж ПМВ со повеќе од 23 седишта
Категорија Б Транспортни возила до 3,5t дозволена вкупна тежина
Категорија В Транспортни возила над 3,5t до 7,5t двт
Категорија Г Транспортни возила (2 оски) над 7,5t до 12t двт
Категорија Д Транспортни возила (2-3 оски) над 12t двт
Категорија Ѓ Транспортни возила (4 оски и повеќе) над 12t двт

Цени и траење

Можете да изберете меѓу пет времетраења:

  • 1 ден
  • 7 дена
  • 30 дена
  • 90 дена
  • 12 месеци

Дневната вињета не е достапна за сите категории. Имајте предвид дека купувањето на електронската вињета е според романско време и таму важи временската зона UTC+2.

Категориите А-Ж ги формираат следните цени. Обрнете внимание на која категорија ѝ припаѓате. Пред сѐ транспортните возила се поделени во многу различни категории. Дигиталната вињета можете да ја нарачате онлајн на https://www.roviniete.ro.

Категорија А Цена во леи Цена во денари
7 дена 14,92 л 185 ден
30 дена 34,82 л 431 ден
90 дена 64,66 л 800 ден
12 месеци 139,27 л 1.722 ден

Категорија Б Цена во леи Цена во денари
7 дена 29,84 л 369 ден
30 дена 79,58 л 984 ден
90 дена 179,06 л 2.215 ден
12 месеци 477,49 л 5.906 ден

Категорија В Цена во леи Цена во денари
1 ден 19,90 л 246 ден
7 дена 79,58 л 984 ден
30 дена 159,16 л 1.969 ден
90 дена 457,60 л 5.660 ден
12 месеци 1.591,64 л 19.688 ден

Категорија Г Цена во леи Цена во денари
1 ден 34,82 л 431 ден
7 дена 139,27 л 1.722 ден
30 дена 278,54 л 3.445 ден
90 дена 795,82 л 9.844 ден
12 месеци 2.785,36 л 34.454 ден

Категорија Д Цена во леи Цена во денари
1 ден 44,78 л 554 ден
7 дена 179,11 л 2.215 ден
30 дена 358,12 л 4.430 ден
90 дена 1.024,62 л 12.674 ден
12 месеци 3.581,18 л 44.293 ден

Категорија Ѓ Цена во леи Цена во денари
1 ден 54,71 л 677 ден
7 дена 273,56 л 3.384 ден
30 дена 601,84 л 7.444 ден
90 дена 1.715,98 л 21.226 ден
12 месеци 6.018,38 л 74.445 ден

Категорија Е Цена во леи Цена во денари
1 ден 19,90 л 246 ден
7 дена 99,48 л 1.230 ден
30 дена 258,64 л 3.199 ден
90 дена 596,86 л 7.383 ден
12 месеци 1.591,64 л 19.688 ден

Категорија Ж Цена во леи Цена во денари
1 ден 34,82 л 431 ден
7 дена 174,09 л 2.153 ден
30 дена 452,62 л 5.599 ден
90 дена 1.044,51 л 12.920 ден
12 месеци 2.785,36 л 34.454 ден

Не пропуштајте повеќе вести!

Со нашиот билтен ќе останете информирани и инспирирани за вашето следно патување.

Казни

Улични камери и полицијата ја контролираат обврската за вињета. Не постојат станици за патарина.

Внимавајте навремено да поднесете барање за вињета и да ги пополните потребните податоци без грешки. Доколку не поседувате регистрирана вињета во Романија или имате грешки во Вашите податоци, ризикувате казна од најмалку 4.930 ден. Ако не ја платите казната, оваа може да се искачи до 61.500 ден. Зависно од категоријата паричната казна може варира.

Можам да ја препишам романска вињета?

Не, во Романија не е можно да се препише дигиталната вињета. Исто така генерлално не може да се сторнира е-вињетата. Но, доколку Ви се случи грешка при внесувањето на регистарската табличка на Вашето возило, можете да ја поправите грешката со доплата. Во однос на важноста на вињетата е поинаку. Тука не може да се поправи датумот.

Доколку имате дополнителни прашања стапете во контакт со одговрниот испорачувач на вињети. Овој ќе може да Ви помогне.

Следете не сега за совети за патување и авантури!

Не пропуштајте ниедно од нашите возбудливи патувања и искуства. Следете не на Instagram и Facebook за секогаш да бидете во тек!

Кои возила се ослободени од обврската за вињета?

Постојат овие исклучоци:

  • Мотоцикли
  • Мотоцикли со приколка
  • Трицикли со мотор
  • Квадови
  • Приколки што не преминуваат вкупна тежина од 3,5t

Обврска за патарина во соседните земји

Во следните соседни земји исто така постои обврска за патарина за финансирање и одржување на автопатиштата: Повеќе информации за вињетата за автопатиштата на соседните земји и нивната важност ќе најдете тука: